| четврток, 6 декември 2018 |

СЕХА-Лига: Вардар поразен од Вујовиќ во Загреб

Македонскиот ракометен првак во машка конкуренција, екипата на Вардар го доживеа првиот пораз во СЕХА лигата сезонава, на дерби пресметката од заостанатиот дуел од 3. коло против ППД Загреб. Скопјани загубија со 25-30 (14-16) на гостувањето во Загреб.

Најефикасен кај вардарци беше капитенот Филип Лазаров со седум погодоци, четири гола постигна Карачиќ, а по три запишаа Брумен и Манасков. Лука Степанчиќ со шест гола беше најдобар кај Загреб. Ангелов на голот на Вардар имаше 12 одбрани, а Ивиќ на голот на домаќините го заврши мечот со 9 одбрани.

ППД Загреб остана со максимален ефект од пет победи од исто толку натпревари, додека Вардар сега е на втората позиција, исто така со пет победи, но и еден пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top