Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, денеска ќе допатува во Скопје со цел да ги откочи преговорите за имплементирање на политичкиот договор од 2 јуни и 15 јули.
Како што потврди неговата портпаролка Маја Коцијанчич во изјава за МИА, Европската комисија одблиску го следи развојот на настаните во Република Македонија и бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот што донесе крај на политичката криза во земјата.
– Можам да потврдам дека комесарот Хан, идната недела, поточно во понеделник ќе отпатува во Скопје за да се сретне со сите засегнати страни. Брисел ја следи ситуацијата одблиску и уште еднаш ќе повториме дека Европската комисија очекува партиите да се држат до распоредот во имплементирањето на точките од договорот од 2 јуни/15 јули, истакна Коцијанчич минатиот петок во изјава за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.