| четврток, 6 декември 2018 |

Интер по 20 години ја прекина соработка со Пирели, од новиот спонзор Етихад треба да добие 125 милиони евра!

По цели 20 години соработка која започна откако на чело на Интер дојде Масимо Морати со кој клубот од Милано ги доживеа најголемите успеси во историјата, се прекинува еден дологодишен проект меѓу Интер и Пирели.
Главниот спонзор на тимот светскиот производител на гуми, Пирели нема повеќе да го краси дресот на „нероаѕурите“.
Од следната сезона на градите на фудбалерите ќе се чита натписот на Етихад и со тоа новиот сопственик на клубот сака да стави крај на ерата на Морати во тимот.
За петгодишен договор клубот ќе инкасира 125 милиони евра, или по 25 милиони по сезона. Тоа ќе биде најголем спонзорски договор во Италија, ако се знае дека Сасуоло е рекордерот со 22 милиони, а по него следуваат Јуветнус и Милан по 17.
Заедно со Пирели, следното лето се очекува и Масимо Морати дефинитивно да замине во историјата, бидејќи се шпекулира дека е крајно незадоволен од раководењето на клубот од страна на Ерик Тохир и сериозно размислува да ги продаде и преостанатите 30 отсто од акциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top