Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува со импресивните партии во најдобрата негова сезона во кариерата. По освоената титула во на Мастерсот во Пекинг, Србинот ќе се обиде да ја освои и втората во Кина, откако во полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај до декласираше најголемиот конкурент Енди Мареј со 2-0 (6-1, 6-3) во сетови за нешто повеќе од еден час игра.
Србинот го доби првиот сет експресно, со 6-1 во гемови, а со сигурна игра продолжи и во вториот сет. Му препушти само три гема на Мареј иако Британецот го освои првиот гем на сервис на Ѓоковиќ.
Далеку поинтересно беше во првото полуфинале каде Жо Вилфред Цонга успеа по долга борба да слави над Рафаел Надал со 2-1 (6-4, 0-6, 7-5) во сетови. Мечот траеше 2.16 часа и за цело време Надал имаше голема подршка од публиката посакувајќи да го гледа во уште едно финале по она во Пекинг.
Сепак на патот му се испречи Цонга кој одигра одличен меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.