| четврток, 6 декември 2018 |

Друловиќ се прости, Ангеловски е на ред

Igor-Angelovski-sport153-1

Љубинко Друловиќ ја заврши кусата и неуспешна епизода на кормилото на македонската репрезентација со изјава за официјалниот сајт на ФФМ. Српскиот селектор освои само еден бод на петте квалификациски натпревари како кормилар на Македонија, а од денеска е нов тренер на Партизан.

„Сакам да им се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија и на Управниот одбор за соработката и поддршката која сето ова време ми ја даваа мене и на стручниот штаб со цел да бидеме успешни. Исто така, сакам да им се заблагодарам на играчите и искрено на секој од нив му посакувам успех во репрезентацијата и во нивните клубови. Квалификациите за Европското првенство не ги завршивме со пласман до четвртото место, а бидејќи тоа беше еден од условите од мојот договор со ФФМ, нема да ја продолжиме соработката. Како професионалец, за мене резултатот секогаш е мерило за успехот, жал ми е што не остваривме подобри резултати во квалификациите за ЕП 2016. Македонската репрезентација има млади играчи и сигурен сум дека во иднина ќе бидат многу поуспешни. Им се заблагодарувам и на луѓето од стручниот штаб кои го вложија своето знаење и труд за да бидеме успешни. Сигурен сум дека сите на свој начин посакуваа успех и добри резултати. Продолжуваме на различни страни, но и понатаму ќе бидам голем поддржувач на репрезентацијата на Македонија“, изјави Друловиќ.

Најсериозен кандидат за нов селектор е досегашниот негов помошник Игор Ангеловски, ако од ФФМ се одлучат за варијантата да изберат домашен стратег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top