Донесена одлуката за мала марина на малото пристаниште. Власта гласа ”за”, опозицијата ”против” и повторно неединство во редовите на ВМРО ДПМНЕ, објави „Охрид 1“.
Советот на денешната 45-та седница ја прифати одлуката за изградба на мала марина со угостителски објект кај малото пристаниште наспроти Палас. Имено со 12 гласа “за” и 9 “против”, прифатена е претходно образложената физибилити студија од страна на скопската компанија ‘Таргет Консалтинг” за реконструкција на малото пристаниште во една современа марина со модерен изглед. Покрај опозицијата која гласно беше против изградбата на како што истакнаа тие кафана од лични интереси на брегот од езерото, против гласаа и двајцата советници Дејан Пановски и Јованка Дамоска Секулоска од редовите на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.
–Просторот на малото пристаниште кое се планира за туристичко угостителски објект и евентуално паркиралиште за пловни објекти е простор кој што го засега Охрид , во контекст на заштитената зона на УНЕСКО и во контекст на се она што значи заштитен град и град со културни и природни вредности. Значи, подигање на објект на тоа место во висина мислам дека би ги нарушил сите вредности коишто Охрид ги има и од аспект на УНЕСКО и од аспект на заштитена средина. Објект со висини на тоа место не е објект којшто би се вклопил во оваа заштитена зона”, образложи Паноски во поглед на своето противно изнесувањеза ваквата одлука, додавајќи дека она што треба таму да се случи е само реконструкција на малото пристаниште.
Што се однесува до опозицијата, нивното образложение е дека угостителскиот објект кој е предвиден да никне на пристаништето ќе биде објект кој нема да биде ниту урбанистички прифатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Охрид e најзадолжена општина
-
Неговите зборови го параат срцето: Дарко пред несреќата ја открил големата тајна за својата свршеница!
-
Татко му го убија со Аркан, а потоа улицата го зема под свое – сега е татко и сопруг на убавата водителка!
-
Живот по референдумот во Охрид: Градоначалникот со кренати раце слави на големо!