| четврток, 6 декември 2018 |

Татко му го убија со Аркан, а потоа улицата го зема под свое – сега е татко и сопруг на убавата водителка!

Водителката Марина Котевски и нејзиниот сопруг Александар Мандиќ станаа родители во март 2017 година. Марина, раѓањето на синот Лазар го обелодени на социјалната мрежа Фесјбук: Драги пријатели, Аца и јас станавме родители на преубаво момче!

Покрај мајката и свекрвата, без кои како што вели, нема ништо дефинитивно, Марина истакнува дека и сопругот и е од голема помош, кога е наследникот во прашање.

-Супер се сноѓа. Го фалам на сите ѕвона!Често станува пред мене, кога Лазар ќе се разбуди, ме пушта уште малку да поспијам. Знае за него да подготвува храна, му прави кашички, го пресоблекува и редовно го бања. Така што секоја чест!

Марина и Александар се венчаа пред пет години после пет години врска. Инаку Александар е син на Миленко Мандиќ, кој животот го изгуби заедно со Аркан, на 15 јануари 2000 година.

Спортскиот менаџер после смртта на татко му населди огромно богатство и стана богат дете. Како што се пишувало на времето, тој на седум години носел пејџер, имал автомобил, брендирана облека, а наследил и многу недвижнини.

Сепак се изгубил по пет години, кога како што рекол самиот, улицата го зела под свое.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top