| четврток, 6 декември 2018 |

Неговите зборови го параат срцето: Дарко пред несреќата ја открил големата тајна за својата свршеница!

Марина Гагиќ, девојката на Дарко Лазиќ цело време е со неговото смемејство и крај него, откако пред неколку дена тој доживеа тешка сообраќајна несреќа. Марина секој ден е во болницата каде што тој лежи, а изостанала само кога била болна.

Марина за кратко време го освои срцето на Дарко, а тој во неколку наврати истакнувал дека ја нашал жената со која сака да го помине животот.

-Убаво ни е, уживаме. Се иде полека, никаде не брзаме. Најмногу ми се допаѓа што е нормална, обична девојка. Мене ми одговара баш каква што е. Искрено да ви кажама, таа е девојка каква што барав цел живот- зборуваше Дарко пред еден месец, пред да ја побара за жена. Дарко никогаш јавно не зборувал за свршувачката, но неговите зборови укажувале дека со неа има големи планови. Во една прилика рекол дека сака таа да му подари деца.

-Едвај чекам Марина да ми подари син. Многу сакам деца, и сега се шегувам кога велам син, но секако едвај чекам повторно да станам татко. Што и да е само да е живо и здраво, а јас сум луд по деца- рекол пејачот во една прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top