| четврток, 6 декември 2018 |

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно­правната комисија.

собрание

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по измените на Законот за управување со отпадот, на Законот за животна средина, на Законот за електронските комуникации, на Законот за електронско управување, како и измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

На дневен ред на оваа Комисија се и измените на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, измените на Законот за внатрешна пловидба, на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за сигурност во железничкиот систем, како и на измените на законот за градежно земјиште, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе дебатираат за измените на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за социјална заштита, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и за измените на Законот за заштита на децата, сите во второ читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top