| четврток, 6 декември 2018 |

Го гледате бебето на фотографијата? Научно докажано како халуцинираме

678863_fotka-foto-kembridz-1_ff

Научниците од Кембриџ и Оксфорд ја користат оваа црно-бела фотографија за да откријат како настануваат халуцинациите. Тие ги објаснуваат халуцинациите како природен процес, кој настанува како последица на потребата на мозокот да ги смисли работите. Сликите и звуците кои не постојат, можат да бидат произведени со измислување, очекување на нешто на основа на искуство.

Оваа црно-­бела фотографија можеби дејствува како спојка на неумешно расфрлени дамки, но ако малку внимателно погледнете во неа, ќе видите бебе.

Истражувачите велат дека халуцинациите се јавуваат како последица на нормалниот процес на пополнување на празнините, потсвесните желби и тоа го тестирале на група од 18 луѓе.

Им дале црно­-бела фотографија, слична на оваа со бебето. На почетокот им било тешко да видат што се наоѓа на неа, но препознавале за што се работи кога им биле покажани оригиналните фотографии.

hallucination2

Луѓето кои покажувале рани знаци на психоза имале подобри резултати на овој тест. Истражувањето ја потврдило теоријата и научниците дошле до заклучок дека ние користиме информации од опкружувањето за да ги пополниме празнините со кои се среќаваме во даден момент.

LiveLeak-dot-com-36a_1444727714-baby2_1444727827

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top