Брачна двојка вели дека нивната врска бикла „запишана во ѕвездите“, откако мажот се видел себеси на една нејзина фотографија од пред 18 години, кога не се ни познавале. Је, кој денес има 35 години, и Ксуе во 2000 година со своите семејства го посетиле градот Кингдао во источна Кина. Денеска се 10 години во брак, а во тоа време биле тинејџери и не се познавале.
Фотографијата ја покажува младата Ксуе во бел фустан, додека во позадина е момчето кое подоцна ќе и стане сопруг. Је вели дека веднаш се препознал на фотографијата, зошто и тој има своја која направена истиот ден, на истото место.
-Кога ја видов фотографијата, бев изненаден и ме полазаа морници по телото. Тоа беше мојата поза за сликање, рече тој за „Сина Њуз“ и додаде дека и самиот се сликал и ја објавил фотографијата на социјалните мрежи, во истата поза, само од друг агол.
Је, кој денес е татко на близначки, рече дека биле кај бабата кога ги гледал старите фотографии од својата сопруга за да види на кого повеќе му личат децата. Тогаш се здогледал себеси во аголот на фотографијата и извикал дека тоа е тој.
-Знаев дека и мојата сопруга била во Кунгдау на одмор, но останавме на тоа зошто тогаш не се познававме, рече објаснувајќи дека го полазале морници.
Двојакта која се запознала во 2011 година и стапила во брак година дена подоцна, вели дека и двајцата биле изненадени, но и среќна, верувајќи дека нивната врска е судбина.
-Мојата сопруга вели дека не знам да бидам романичен. Ќе и покажам јас романтика, рече Је кој фотографиите ги објави на социјалните мрежи и станаа вирални.
-Се чини дека Кунгдао е навистина еден од посебните градови за нас, рече тој. – Кога ќе ни пораснат децата повторно ќе одиме таму и ќе се фотографираме сите, заклучи тој.
извор: koktel.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?
-
Сликале венчавка од соседниот покрив – кога ја погледнале подобро фотографијата, останале шокирани од глетката (фото)
-
Лила Филиповска ни посака среќни празници со фотографија под елката