Научниците од Кембриџ и Оксфорд ја користат оваа црно-бела фотографија за да откријат како настануваат халуцинациите. Тие ги објаснуваат халуцинациите како природен процес, кој настанува како последица на потребата на мозокот да ги смисли работите. Сликите и звуците кои не постојат, можат да бидат произведени со измислување, очекување на нешто на основа на искуство.
Оваа црно-бела фотографија можеби дејствува како спојка на неумешно расфрлени дамки, но ако малку внимателно погледнете во неа, ќе видите бебе.
Истражувачите велат дека халуцинациите се јавуваат како последица на нормалниот процес на пополнување на празнините, потсвесните желби и тоа го тестирале на група од 18 луѓе.
Им дале црно-бела фотографија, слична на оваа со бебето. На почетокот им било тешко да видат што се наоѓа на неа, но препознавале за што се работи кога им биле покажани оригиналните фотографии.
Луѓето кои покажувале рани знаци на психоза имале подобри резултати на овој тест. Истражувањето ја потврдило теоријата и научниците дошле до заклучок дека ние користиме информации од опкружувањето за да ги пополниме празнините со кои се среќаваме во даден момент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов тест за откривање рак за само неколку минути
-
Ова е најбрзиот тест за интелигенција, тестирајте се сами!
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа