Изминативе 48 часа во источниот дел од Европа владее вистинска зима. Температурата во овој регион е за 5 до 7 степени пониска од просечната за овој дел од годината. Овој фактор, комбиниран со големата количина на влага која ја „внесува“ во овие краишта циклонот кој се наоѓа со центар на северниот јадран, обезбедија идеални услови за снежни врнежи, пишува „Метеопро“.
Информации за формирана снежна покривка доаѓаат од Русија, Полска, Словачка, Германија, Романија… Интересно е што освен на планините, Високи Татри, Крпатите и Алпи, снег има и на надморска височина од само 400 метри во делови од Германија.
Повеќе фото на „Метеопро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.