| четврток, 6 декември 2018 |

Белата куќа: Извештајот за падот на малезискиот „Боинг“ е пресвртница

Белата куќа денеска оцени дека холандскиот извештај за причините за падот на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над источна Украина во јули 2014 година, претставува „важна пресвртница во напорите за утврдување на одговорноста“.

belata-kuka1-520x346

– Независната истрага на (холандската) Комисија за воздухопловна безбедност е спроведена во согласност со меѓународните стандарди, оцени портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Нед Прајс.

Според него, како што јави ДПА, оовј извештај е основа за идните истраги за пронаоѓање на одговорните за уривањето на авионот.

– САД целосно ќе ги поддржуваат напорите за изведување на одговорните пред лицето на правдата, додаде Прајс.

Тој нагаласи дека Белата куќа и натаму останува на проценката дека авионот е урнат со ракета земја-воздух истрелана од територија под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина.

Во извештајот на холандската Комисија се заклучува дека малезискиот „Боинг 777“ бил погоден со ракета „Бук“ од руско производство, но не се посочува кој е виновен за неговото соборување, туку само се неведува дека вакви ракети имаат и сепаратистите, но и припадниците на украинската армија.

Авионот леташе на редовна линија од Амстердам до Куала Лумпур и во него имаше 298 патници и членови на екипажот, од кои дури 196 беа Холанѓани. Никој не го преживеа падот на „Боингот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top