И трет месец по ред откако СДСМ ја презеде власта во земјата, извозот забележува пад од месец в месец. Падот на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори ја намалија конкурентноста на македонската економија.
Последните статистички податоци покажуваат дека извозот во месец август во однос на месец јули бележи пад од 8,2 отсто. Претходно, извозот паѓаше и во месец јуни во однос на месец јуни за 5,5 отсто, односно месец јули во однос на месец јуни за дури 12,1 отсто.
-Кога извозот паѓа значи дека во државата ќе влегуваат помалку пари, а тоа значи лошо… Извозот: – јуни во однос на мај падна за 5,5% – јули во однос на јуни падна за 12,1% – август во однос на јули падна за 8,2%, пишува на својот ФБ профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Покрај продолжениот пад на извозот, Македонија се соочива и со пад пад на просечната плата, пад на индустриското производство, како и сериозен пад на девизните резерви на државата.
-При толку донесени нови компании, нови фабрики, отворени нови домашни да дојде до пад на извозот укажува дека навистина економијата оди во една лоша насока и оние граѓани кои сега тоа не го чувствуваат со тек на време ќе почнат бидејќи веќе по четврти параметар се укажува на сериозен пад на економијата, коментираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Груевски потенцираше дека сетоа ова укажува дека владата нема начин, план како да ја води државата и економијата напред.
Падот на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори ја намалија конкурентноста на македонската економија. Тоа почнаа да го нотираат и меѓународните институции. Во последниот извештај на Светскиот економски форум, Македонија воопшто ја нема на листата. Од вкупно 137 земји, Македонија не е ниту приближно до Јемен, Замбија или Уганда, кои се меѓу најнеконкурентните економии во светот. За потсетување, Македонија до лани постојано напредуваше на листата. Беше рангирана на 80-то место во 2012-та и успеа да напредува 12 позиции до лани кога се најде на 68-то место.
Во извештајот се рангирани и сите земји од регионот. Најдобро рангирана е Бугарија на 49-то место, па следуваат Хрватска на 74-то, Албанија на 75-то, Србија на 78-мо и Грција на 87-мо место.
Освен тоа што не нема на меѓународните извештаи, македонското стопанство бележи лоши резултати и по сектори на домашниот пазар, што е показател на негативните тенденции на економијата. На тоа алармираа и бизнисмените и аналитичарите. Последните статистички податоци, пак, покажуваат пад на индустријата за 5.3%, на градежништвото за 17.3 отсто и намалување на просечната нето плата во јули од 0.6%.
Ниту Владата, ниту монетарните власти повеќе не се оптимисти. Владината проекција за економски раст падна на 2.2% за годинава, додека гувернерот Богов по лошите резултати во првата половина од годинава, односно намалените активности на банките за 1.6 отсто, изјави дека се сомнева дека економијата воопшто ќе има зголемување во 2017-та.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.