Детската клиника иако со лимитирани услови одлично ја спроведува исхраната за болните деца, истакна доктор Јани Ведер нутриционист и диетолог од Холандија при посетата на Клиниката за детски болести во Скопје.
– Имав можност да се запознаам со нутриционисти од детската клиника и ова што го гледам е навистина добро што го правите, а соработката која ќе ја воспоставиме ќе значи и подобрување на условите, истакна Ведер.
Директорката на клиниката Аспазија Софијанова рече дека со гостинката споделиле искуства како може дополнително да се подобри исхраната кај предвремено родените новороденчињата.
– Калорискиот внес е исто толку важен колку и терапискиот пристап кон едно такво предвреме родено новороденче, истакна Софијанова.
Според Софијанова и Ведер, покрај исхраната, мајчиното млеко е клучно за раст и развој кај децата, а мајките, како што рекоа, треба да се свесни дека доењето не може да биде заменето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.