| четврток, 6 декември 2018 |

Холaндски искуства за исхраната на болните деца

­ Детската клиника иако со лимитирани услови одлично ја спроведува исхраната за болните деца, истакна доктор Јани Ведер нутриционист и диетолог од Холандија при посетата на Клиниката за детски болести во Скопје. ­

detska_klinika500

 

– Имав можност да се запознаам со нутриционисти од детската клиника и ова што го гледам е навистина добро што го правите, а соработката која ќе ја воспоставиме ќе значи и подобрување на условите, истакна Ведер.

Директорката на клиниката Аспазија Софијанова рече дека со гостинката споделиле искуства како може дополнително да се подобри исхраната кај предвремено родените новороденчињата. ­

– Калорискиот внес е исто толку важен колку и терапискиот пристап кон едно такво предвреме родено новороденче, истакна Софијанова.

Според Софијанова и Ведер, покрај исхраната, мајчиното млеко е клучно за раст и развој кај децата, а мајките, како што рекоа, треба да се свесни дека доењето не може да биде заменето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top