| четврток, 6 декември 2018 |

Секој ден јадел само сланина: Ни самиот не можел да поверува колку ослабнал

sla

Американецот Ден Квибел во октомври 2015 година се решил да испроба експеримет и започнал „диета“ во која јадел само сланина. По првите два месеци, ниту самиот не можел им поверува на резултатите кога видел дека ослабнал 10 килограми и значително го намалил обемот на струкот.

Како што раскажал Квибел, диетата со сланина му помогнала и да го намали крвниот притисок и да ја поправи состјбата на неговиот црн дроб.

Освен тоа, експериметот му донел уште неколку промени, имал многу повеќе енегрија.

33

Ниту докторите, ниту самиот тој не можеле да поверуваат на резултатите.

– Не знам што да ти кажам, ако за тебе ова функционира, продолжи да го правиш истото, изненадена му рекла една докторка.

Ден признал дека му било тешко да се навикне на исхрана без леб, но вели дека вкусот на сланината бил одлична замена.

-Повеќе не се будам гладен секое утро. Можам да минам и цел ден само со еден оброк од сланина, изјавил Квибел.

22

По првичните резултати, Ден продолжил да јаде само сланина, по што ослабнал уште околу 20 килограми.

Сепак овој начин на исхрана има многу недостатоци и особено може да биде штетна за дијабетичарите. Ден признал дека освен сланина консумирал и суплемиенти како магнезиум и калиум. Исто така напоменал дека е многу важно сланината никогаш да не се пржи, туку да сае подготвува во рерна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top