| четврток, 6 декември 2018 |

На натпреварот со Украина, Шпанија првпат по 10 години настапи без играч од Барселона

Во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016 година, Шпанија ја победи Украина на гостински терен од 1-0, а овој натпревар го одбележа еден интересен момент.
„Црвена фурија“ настапи во состав, Де Геа, Аспиликуета, Ечеита, Начо, Марио Гаспар, Сан Хосе, Сеск Фабрегас, Тиаго Алкантара, Иско, Нолито и Пако Алкасер, а тоа значи дека во почетните 11 фудбалери нема ниту еден играч од актуелниот шпански шампион, Барселона.
Тоа за последен пат се случило точно пред 10 години на на 12 октомври, 2005 година, на мечот против Сан Марино кој „фуријата“ го доби со убедливи 6-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top