Вклучете ја имагинација и максимално брзо одговорете на сите прашања. Земете ливче и запишете ги одговорите.
1. Замислете дека стоите на пат. Каков е патот? (Уличка, автопат, голем, мал и сл).
2. Каде се наоѓа сонцето во овој момент? (Изгрева, заоѓа, напред, назад)
3. Пешачите по патот и одеднаш пред вас се појавува ограда. Опишете ја ограда. (дрвена, камена, железна, голема, мала и сл).
4. Како ќе ја поминете?
5. И ете, оградата веќе е зад вас, а во далечината се гледа шума. Каква е шумата? ( светла, темна, со зелени дрвја, голи дрвја…)
6. Се приближувате во шумата и гледате мало патче, по кое продолжувате напред. Одеднаш, на патчето гледате клуч. Каков е тој? Што правите со него?
7. По некое време излегувате од шумата и се приближувате кон едно езеро. Какво е езерото? Што ќе направите таму?
8. По езерото го гледате домот на вашите соништа, од него излегува жената / мажот на вашите соништа и Ве поканува да влезете и да останете таму засекогаш. Што правите вие?
9. Кон домот повторно гледате пат. Каков е? (Ист како на почетокот на патот, или поинаков).
10. Каде се наоѓа сонцето во овој момент?
Значења на одговорите
1. Пат
Патот го покажува вашиот однос кон општеството во реалноста.
Ако е асфалтиран и гледате автомобили или автопат – значи дека сте исклучително активни и се стремите да стигнете секаде. Во исто време наоѓате сили и време како за работа, така и за рекреација.
Ако е уличката мала или патот е неасфалтиран тоа значи дека водите мирен живот и настојувате да ги контролирате настаните.
Ако гледате на патот нерамнини, мали камчиња – се грижите за нешто.
2. Сонце
Сонцето – тоа се вашите планови, цели, идеи. Ако изгрева – вие сте на патот кон нивно спроведување. Ако е над главата – значи веќе сте се зафатиле со реализација.
Ако заоѓа – повеќето ваши идеи и планови се остварени, целите се постигнати.
3. Ограда
Оградата значи пречка. Колку е поголема, толку повеќе се плашите да ги надминее проблемите.
4. Начинот на кој ја поминувате оградата
Начинот на кој ја поминувате оградата значи како се справувате со проблемите. Ако ползите, ја заобиколувате или барате пукнатина во оградата – вие настојувате флексибилно да ги решавате проблемите.
Ако самите си отворате пат низ неа – вие сте отворен човек, способен да донесува метеорски решенија.
5. Шума
Шумата е вашата природа.
Колку е посветла, толку посветли ви се душата и мислите.
Ако е мешана – вие сте интересен човек кој постојано се стреми кон нови знаења.
Со борови или елки – стоите цврсто на земјата, многу сте рационални, знаете што сакате од животот. Вие исто така сте многу сигурни, па на вас секој може да се потпре.
Колку е потемна толку сте подепресивни и ве мачат проблеми.
6. Клучот е вашата среќа
Колку е помал, толку поголемо значење за вас имаат духовната рамнотежа, среќата, близината со партнерот. И соодветно, колку е поголем, толку повеќе за вас приоритет се материјалните вредности. Колку е поубаво изработен толку поголемо внимание обрнувате на естетската страна во вашиот живот. Ако го понесете со себе, не сте подготвени да ги испуштате своите шанси. Ако само го одминете често им препуштате на другите да ги реализираат можностите пред вас.
7. Езеро
Езерото се вашите чувства, олицетворение на вашиот сакан човек. Колку подлабоко е, толку подлабоки се и тие.
Ако е мирно езеро, тогаш вие и вашиот партнер сте избалансирани луѓе.
Ако е брза река, водопад – вие сте страсна натура . За вас секој ден е вртлог од чувства, потребно ви е постојано внимание и присуство на саканиот.
Ако сте седнале крај езерото – доволно е присуството на саканиот човек, за да бидете среќни; ако се бањате во него, вие уживате во љубовта и односот со партнерот, за вас се многу важни знаците на внимание и нежните зборови.
8. Човекот од соништата
Домот + жената / мажот на вашите соништа ја покажува подложноста на искушенија и степенот на ризик.
9. Патот кон дома е вашата иднина
Ако по него продолжува да има пречки, значи не учите од своите грешки.
10. Сонцето зборува колку сте успеале да ги претворите плановите и соништа во реалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.