| четврток, 6 декември 2018 |

Мико: САД и сојузниците да се заложат Македонија да го добие заслуженото

САД и другите земји од НАТО да инсистираат и да бараат Македонија да го добие вистинското место. Тоа нема да ја повреди Грција, а ќе биде поттик и засилување на НАТО, оценува американскиот аналитичар Џејсон Мико, во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ „Сонце“.

jasonmiko

Коментирајќи го тоа што во Грција расте уверувањето дека САД и Германија сакаат да ја поканат Македонија во НАТО под уставното име, Мико вели дека искрено се надева оти САД го охрабруваат тоа. ­

– Прво, Македонија веќе ги исполни сите услови потребни да се приклучи кон НАТО и го заслужи столчето уште во 2008 година. Второ, Македонија може да биде поканета да се приклучи на НАТО во секое време на кој било состанок на Северноатланскиот совет. САД и Германија и другите може само да инсистираат земјата да стане членка. Македонија веќе се изјасни дека сака да членува под уставното име, но и под привремената референца – наведува Мико.

На прашањето за изјавата на грчкиот претседател Павлопулос дека Македонија била и ќе остане грчка, американскиот аналитичар со одговор дека Македонија постои и е реалност.

– Тоа што е важно е поголемиот дел од светот да ја признае Македонија под уставното име и да го признае идентитетот на Македонците. Грчкиот претседател може да каже што сака, но вистината останува – Македонија постои, истакнува Мико.

Осврнувајќи се на политичките случувања во Македонија, Мико оценува дека опозицијата почнала, како што вели, „да игра валкано затоа што сфатила дека не може да победи“.

– Најважно прашање е зошто СДСМ не може да победи на изборите? Одговорот, се разбира, е затоа што или нема добри идеи со кои луѓето се согласуваат или има лоши идеи во минатото, кои се докажале дека се неуспешни и во целиот свет. Зоран Заев и СДСМ ја објавија „Визијата за Македонија“, платформата за фер дистрибуција на приходот. Тоа е пропадната социјалистичка идеја од минатото, иако има многу социјалисти во светот што веруваат во дисрибуцијата на доходот. Моето прашање до Заев е ­ што е фер? Кој одредува што е фер и како ќе го дистрибуирате приходот? Како ќе го остварите ова со идејата на слободна пазарна економија? – нагласува Мико.

Тој не верува во тврдењата дека актуелните случувања во земјава се затоа што Македонија го поддржа проектот „Турски тек“. ­

– Сум го слушнал ова, но не верувам. Ова се случува поради многу фактори, но ништо нема врска со теорија на заговор. Тие теории се добри, но јас не ги купувам. Светот е сложено место – смета Мико.

Во однос на бегалската криза, според американскиот аналитичар, Македонија повторно докажала дека е поевропска и подемократска од која било членка на ЕУ. ­

– Македонија ги отвори портите за емигрантите, додека некои посилни земји почнаа да градат ѕидови. Но, дали Македонија и владата треба да бидат ставани во ситуација на притисок и на понижување од другите?. Македонија докажа дека може да им помага на другите, па и на бегалците и за тоа најголем пример е косовската бегалска криза кога земјата ги отвори вратите за повеќе од 360.000 бегалци од Косово. И сега земјата прави што може – вели Мико во интервју за „Гласот на народот“ на ТВ „Сонце“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top