Осомничениот за грабежот во Влае е повреден и пренесен во полиција, тврдат очевидци. Според нив, малку по 14 часот имало пукотница на булеварот „Партизански одреди“, во непосредна близина на училиштето „Димо Хаџи Димов“. Откако имало обид да биде ограбена Стопанска банка, специјалните единици презеле акција за приведување на сторителите.
Се уште е блокиран сообраќајот од Порта Влае до Влајко. Полицијата врши увид во изрешетаниот автомобил „цитроен ZX“.
Од МВР сѐ уште не излегуваат со детали за акцијата. Од Ургентниот центар на клиничкиот центар во Скопје, пак, потврдуваат дека примиле едно рането лице. Според информациите добиени од таму, лицето не е во животна опасност.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.