Актуелниот шампион на Италија Јувентус се соочува со низа проблеми кои неможат да го заобиколат од почетокот на сезона. По лошиот старт во Серија А, тренерот Масимилијано Алегри остана без најдобрите играчи Марио Манџукиќ и Пол Погба кои се повредија во подготовките за своите репрезентации, Хрватска и Франција.
Манџукиќ веќе се врати во таборот на Јувентус и ја отпочна рехабилитационата програма, а Погба се очекува да го стори истото откако доби зелено светло од лекарскиот тим на француската репрезентација.
Повредата на скочниот зглоб не е нималку наивна и тој се претпоставува дека нема да биде располагање за „старата дама“ во дербито против Интер на „Сан Сиро“.
– Станува збор за повреда на зглобот што воопшто не е наивна, а дополнително ќе биде обелоденето колку Погба ќе паузира од терените – објавија кратко француските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.