За да го прослави 63-от роденден на својот претседател, руската компанија Кавиар направила паметен телефон со гравиран лик на Путин.
Новиот Ајфон 6С излезе на пазарот, а Епл се пофали со најуспешен старт во продажбата на новиот модел на Ајфон досега.
Зошто да имате обичен Ајфон кога можете да го имате оној со ликот на рускиот претседател? Рускиот златар Кавиар, познат по луксузните преработки на производите на Епл , се надминал себеси, произведувајќи го паметниот телефон со гравираниот лик на Путин со злато, на задниот дел од телефонот.
Мобилниот телефон е направен во чест на 63-от роденден на Путин и е наречен „Caviar Ti Gold Supremo Putin Anniversario Edizione 63“ . Овој телефон ќе го има во ограничени количини, само 63 примероци.
Грбот од телефонот е направен од титаниум, а содржи и златни делови – гравираната глава со ликот на Путин, грбот на Русија и плакета со стихот од руската химна. Купувачите добиваат и луксузна дрвена кутија за чување на престижниот мобилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)