| четврток, 6 декември 2018 |

Телефон од 2.700 евра за роденденот на Путин (видео)

За да го прослави 63-от роденден на својот претседател, руската компанија  Кавиар направила паметен телефон со гравиран лик на Путин.

23697-telefon-580x0

Новиот Ајфон 6С излезе на пазарот, а Епл се пофали со најуспешен старт во продажбата на новиот модел на Ајфон досега.

Зошто да имате обичен Ајфон кога можете да го имате оној со ликот на рускиот претседател? Рускиот златар Кавиар, познат по луксузните преработки на производите на Епл , се надминал  себеси, произведувајќи го паметниот телефон со гравираниот лик на Путин со злато, на задниот дел од телефонот.

Мобилниот телефон е направен во чест на 63-от роденден на Путин и е наречен  „Caviar Ti Gold Supremo Putin Anniversario Edizione 63“ .  Овој телефон ќе го има во ограничени количини, само 63 примероци.

Грбот од телефонот е направен од титаниум, а содржи и златни делови – гравираната глава со ликот на Путин, грбот на Русија и плакета со стихот од руската химна. Купувачите добиваат и луксузна дрвена кутија за чување на престижниот мобилен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top