Дванаесет лица се приведени во големата полициска акција што се спроведуваше утрово. Меѓу приведените е и висок функционер во Основниот суд во Куманово.
Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен на своето работно место. Специјалните единици за организиран криминал, го уапсиле Сулејмани околу 13.30 часот, објави „Куманово њуз.“
Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.
Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овлстување кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор, -велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка за 12 лица, приведени во полициската акција што во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.
– Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, кои ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Другите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела злосторничко здружување, лихварство, изнуда и шверцување емигранти. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка притвор, се вели во соопштението од ОЈО.
Истрагата во надлежното обвинителство продолжува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?