| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени 12 лица во големата акција на МВР: Уапсен претседателот на Кумановскиот суд

Дванаесет лица се приведени во големата полициска акција што се спроведуваше утрово. Меѓу приведените е и висок функционер во Основниот суд во Куманово.

musa-sulejmani

Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен на своето работно место. Специјалните единици за организиран криминал, го уапсиле Сулејмани околу 13.30 часот, објави „Куманово њуз.“

Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.

Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овлстување кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор, -велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

 

полиција

Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка за 12 лица, приведени во полициската акција што во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.

– Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, кои ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Другите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела злосторничко здружување, лихварство, изнуда и шверцување емигранти. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка притвор, се вели во соопштението од ОЈО.

Истрагата во надлежното обвинителство продолжува.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top