На полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат утре и започна изборниот молк. Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица. Во вториот круг право на глас имаат 988 затвореници и 73 раселени лица. Гласањето започна во 7 часот, а завршува во 19 часот.
Гласањето за избор на градоначалник во втор круг ќе се одвива во 29 општини и во Градот Скопје. Право на глас имаат еден милион 103 илјади и 175 граѓани на 1.614 избирачки места.
Втор круг гласање ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и Градот Скопје.
Првиот круг ќе се прегласува на избирачките места 1727, 1730 и 1734 во Струмица, каде има вкупно 3.255 гласачи и на избирачкото место 1.473 во Општина Долнени.
Во Градот Скопје на 536 избирачки места право на глас, според избирачкиот список, имаат 444.259 лица.
Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.
Ова се петти локални избори во Македонија. Првите се одржаа во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%


