| четврток, 6 декември 2018 |

Нема нови случаи на ебола

Светската здравствена организација соопшти дека минатата недела не е регистриран ниту еден нов случај на ебола. Тоа е првпат цела недела да нема нови случаи на таа болест откако во Западна Африка изби епидемија во март минатата година.

ебола

СЗО наведува дека Сиера Леоне, држава која најтешко беше погодена, наскоро може да биде без заболени од таа болест.

Во Гвинеја сепак, има уште 550 случаи кои се следат и каде постои ризик од ширење на боелста. Од почетокот на епидемијата лани, од ебола животот го загубија повеќе од 11 илјади луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top