Аргентискиот ас Карлос Тевез би можел многу бргу да се врати во редовите на Јувентус откако летово се врати во матичниот клуб, Бока Јуниорс.
Тевез е незадоволен во Аргентина бидејќи цели три месеци не зел плата од Бока и според клаузулата во договорот тој може да си замине без обештетување.
Тоа секако ќе се обиде да го искористи итаијанскиот шампион, кој со Тевез се врати на победничките патеки. Минатата сезона ја освои двојната круна во Италија и играше во финалето на Лигата на шампионите по цели 12 години.
Меѓутоа, италијанските медиуми шпекулираат дека во Торино би можело да се јави и противење во врска со неговото враќање, поради начинот на кој бараше да се врати во Аргентина.
Во меѓувреме, Тевез е блиску до титулата во аргентинскиот шампионат со Бока јуниорс. Бока има шест бода повеќе од Сан Лоренцо и Росарио кои го делат второто место, на три кола до крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.