Алеш Пипан не беше задоволен по поразот на МЗТ Скопје од младиот тим на Партизан, а општ впечаток е дека македонскиот првак лесно ја прокоцка сигурната победа.
„Не е доволно да се одигра едно добро полувреме, а потоа се да прокоцкаш за само неколку минути. Му честитам на Партизан на заслужената победа“, рече Пипан.
МЗТ Скопје водеше во поголемиот дел од мечот, на моменти и со двоцифрена разлика, но финишот беше лош и доведе до пораз од 69-72 на гостувањето во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.