Не може да се види, ниту да се допре, но игра клучна улога во борбата со имунолошките болести, велат научниците за новиот систем откриен во мозокот на човекот.
Имено, истражувачите од Медицинскиот универзитет во Вирџинија, открија долго скриен систем од крвни садови кој го нарекоа централен нервен систем на лимфни крвни садови.
Овие новооткриени крвни садови ја спроведуваат лимфата од мозокот до околните лимфни јазли, пишува „Натионалгеограпхиц.рс“.
Откритието, кое е објавено во магазинот „Нејчр“, ги потресе научните кругови. Истражувачкиот тим предводен од Антоан Лав, најпрво го испитувал мозочното ткиво на глувците, кај кои е забележан сличен систем на оној штопостои во имунитетните ќелии.
Потоа ткивото е тестирано за да се испита дали во него постојат лимфни ќелии, а резултатот бил позитивен. Овие клетки, исто така, постојат и во човечкото мозочно ткиво.
Кога во нашиот организам ќе дојде до воспаление, молекулите и патогените се спроведуваат до лимфните ќелии, каде имунитетните клетки се активираат за да ја продолжат борбата со болеста или со воспалението.
Овие крвни садови се најдени во дуралните синуси, кои ја спроведуваат крвта од мозокот до вратните вени. Се наоѓаат во близина на крвните садови, па поради тоа се помалку воочливи.
„За да ја разбереме подобро функцијата на новооткриените клетки, неопходено е детално да ги проучиме, затоа што мозокот кај глувците и кај луѓето битно се разликува“, вели Лав.
Сепак, самиот факт дека нервниот систем на лимфни крвни садови постои, отвора нови прашања за потенцијалните терапии за лечење на болести како Алцхајмеровата, мултиплекс склерозата или аутизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.