Повеќе од 185 директни учесници, од кои 135 се домашни и 50 се странски, ќе се претстават на 41. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, „Технома 2015“, кој ќе се одржува од 13 до 17 октомври на Скопскиот саем, а се очекува посета од повеќе од 25.000 посетители. Истовремено, за време на „Технома“ ќе бидат отворени и 16. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации, Макинова.
Трендот, како и минатите години, се малите и средните претпријатија, додека во фокусот на „Технома 2015“ ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и технологиите ЛЕД.
– Оваа меѓународна саемска манифестација секогаш му е потребна на стопанството, а за тоа говори фактот што целиот расположив простор на Скопски саем секоја година исполнува капацитет со површина од 12.000 квадратни метри. Потврда на меѓународниот карактер на „Технома“ се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На „Технома 2015“ ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван. Исто така, на „Технома 2015“ ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија – истакнуваат од Скопски саем.
„Технома 2015“ ќе се простира на три хали во кои ќе се преставуваат фирмите, во 4. хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој. Во 4. хала се и стручните факултети со постер-презентации на иновативните методи. Нивната идеја е да се поврзат компаниите со образованието и да се најде интерес за заедничко пријавување за проекти во фондот. Во рамките на „Форумот за иновации и технологии“ организиран во соработка со Фондот за иновации и Скопски саем, секој ден ќе се одржуваат работилници на различни теми:„Финансирање на иновации“, „Соработка на развој на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Технома ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски “
-
Почна „Технома 2016 година“: Се промовираат иновации и технологии
-
Панел-дискусија на тема „Компетенции за успешна кариера во техничките занимања“
-
Технома 2015 година ги отвори вратите: Во фокусот промовирање и поттикнување на иновациите во Македонија