Денеска во првата хала на Скопски саем беше отворен 41. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, Технома 2015 година, кој ќе се одржува од 13 до 17 октомври.
Повеќе од 185 директни, од кои 135 домашни и 50 странски учесници ќе се претстават на на Скопски саем, каде што се очекува посета од повеќе од 25.000 посетители.
Истовремено, за време на Технома ќе бидат отворени и 16. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации, Макинова. Домашните и странските компании ќе ги претстават своите најнови технолошки достигнувања, каки и проектите за енергетска ефикасност и иновации.
Оваа година во фокусот на Технома 2015 година ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и ЛЕД-технологиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)