„Тимот на Скопски саем со години ги подготвува познатите саемски манифестации кои резултираат со десетици илјади посетители и бројни бизнис конекции и контакти со значително влијание врз економијата во Република Македонија. Овој стучен тим во целост ја вложи својата умешност и долгогодишно искуство во организацијата на годинешното иѕдание на саемот ТЕХНОМА 2017, и ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе ја претвори во центар за иновативност и технологија“, порачува Дејан Кошутиќ, извршен директор на Скопски саем. Тој истакнува дека ТЕХНОМА е високо почитуван саем кој уште од 1997 година во организација на Скопски саем е член на УФИ (Унија на меѓународни саеми).
Работното време за посета на саемот е од 10ч.– 19ч. Цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 30 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.