| четврток, 6 декември 2018 |

Симит, баклава, ѓеврек на турски начин во нов ресторан

gevrek2

Во Скопје е отворен „Бај витамин симит кафе“, ресторан со традиционални турски производи како што се ѓеврек, симит, баклава и останати производи.

На отвoрањето присуствуваа стопанскиот советник при турската амбасада во Македонија, Бинјамин Кутлу, претседателот на Македонско-турската стопанска комора МАТТО, Туна Ејуб Кахвечи, бизнисмени.

gevrek

-Нивото на турски инвестиции во Република Македонија веќе надмина милијарда евра. Овие инвестиции обезбедуваат работни места за повеќе од 10.000 македонски граѓани- изјави Кутлу.

Ова е трета филијала на „Бај витамин симит кафе“, по рестораните во Илиџа и Сараево.

Претседателот на Македонско-турската стопанска комора МАТТО, изјави дека се работи за наизглед мала инвестиција, која сепак ги спојува Турција и Македонија, а најави дека се работи на тоа нивото на турски инвестиции во Македонија да се зголеми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top