Околу 3.000 борци на Исламска држава и други милитанти од другите екстремистички групи побегнале од Сирија во Јордан, поради новата офанзивна акција на сириската армија поддржана од воздушните напади на Русија, соопштуваат претставници од руската одбрана за РИА новости.
Неименуваниот извор додава дека во неделата сириската армија извела низа напади врз борците на ИД и на Ал Нусра во предградија на Дамаск, како и во провинциите Деир ер Зор и Хама.
Во Деир ер Зор биле убиени 160 милитанти во нападот на армијата кој имал за цел да ги натера екстремистите да се повлечат од неколку населени места.
Во провинцијата Хама, армијата уништила два конвои на ИД во близина на градот Палмира и 17 терористи биле убиени во артилериска битка.
Сириската артилерија исто така нападнала повеќе екстремистички групи, меѓу кои и ал Нусра кои се наоѓаат во провинцијата Хама, каде според воени извори, избувнал конфликт помеѓу Сиријците и странските борци. Сириските милитанти инсистирале на повлекување од повеќе упоришта, поради страв од офанзивата на сириската армија и руските воздушни напади, а странските војници одбивале да се повлечат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.