Сите водичи задолжително им ги покажуваат на туристите Царот-камбана и Царот-топ, Тајницката градина, Оружејната палата, пишува „Публицитет.мк“. Но, во Кремљ има и такви знаменитости што може лесно да останат незабележани. Впрочем, токму тоа и ги прави интересни.
Кабинетите“ на јастребите, соколите и на бувовите
На служба во московскиот Кремљ има неколку перјани соработници: соколи, јастреби и еден огромен був. Нивна обврска е организација на системот на биозаштита на територијата и природна регулација на популацијата на враните.
Се чини дека не само туристите обрнуваат внимание на заслепувачкото сјаење на куполите на Кремљ. Драгоцената позлата има еден непријател: московските врани. Лизгавите мразулци тие ги користат како забава: се лизгаат од куполите, како од ритче, гребејќи ја со ноктите позлатата. По долга и мачна војна со овие летачки вандали излезот беше најден: во Кремљ беше создадена орнитолошка специјална служба.
Живеалиштето на соколите се наоѓа на самото подножје на Тајницкиот рид. Тој е скриен од очите на посетителите, но оној што знае за неговото постоење без проблем може да го најде. Исто така има и зимско живеалиште за пернатите чувари на Кремљ – тој се наоѓа во еден дел од ѕидот на Кремљ помеѓу Набатната и Спаската кула.
Птиците доаѓаат на служба во Кремљ сосема неподготвени. Специјалниот кус за лов тие го минуваат тука според уникатна методика, разработена од соработниците на Федералната служба за обезбедување.
Соколите и јастребите имаат началник, кој, како што е редот, има свој „кабинет“ – неговиот голем кафез се наоѓа малку настрана од заедничкото живеалиште на соколите. Тоа е моќниот був – специјален проект на Федералната служба за обезбедување и е речиси ангел-чувар на Кремљ. Орнитолозите на Кремљ го нарекуваат Фиља. Со неговото појавување беше разработена нова тактика во ловот на врани: борбените јастреби и соколи на чело со Фиља како молња ги напаѓаат непријателите од сите страни.
Иконостасот на исчезнатиот манастир
За време на советската власт сите религиозни градби во Русија безмилосно беа уништувани или беа пренаменувани во складови, музеи или во архиви. На ваков пристап наишол и Вознесенскиот манастир во Кремљ. Неговото уривање предизвикало невидено спротивставување на јавноста. Видни културни дејци му пишувале писма на Сталин. Но, без оглед на тоа манастирот сепак бил избришан од лицето на земјата. Местото каде што порано тој се наоѓал на шемата на Кремљ денес е означено со празен правоаголник покрај Спаската кула.
Сепак, малкумина знаат дека во Патријаршиската палата денес може да се види зачуваниот историски иконостас на соборот на Вознесенскиот манастир. Без оглед на малите рокови што биле оставени за спасување на црковните и на културните вредности, соработниците на Оружејната палата успеале да го спасат иконостасот покровител на великите кнегињи и царици. Тогаш била спасена и една од главните светињи на Кремљ – моштите на светителот Алексеј, кои сега се упокоени во Богојавленскиот собор.
Тајните на Кремљовскиот дворец
Државниот Кремљовски дворец бил изграден во шеесеттите години од минатиот век и претставува објект на културното наследство. Освен за социјално-политички форуми, тој се користи и како сцена за концерти и за театарски постановки. Тука се наоѓа театарот „Кремљовски балет“. Секоја зима во неговите простории се одржува главната новогодишна приредба во земјата.
Дворецот, секако, си има свои тајни. На малкумина им е познато дека под неговата сцена се наоѓа камбанарија со многутонски благовестник (најголемата камбана меѓу традиционалните православни камбани), а која е излиена уште на почетокот на 20 век.
Скриениот Забавен дворец
Забавниот дворец на Кремљ е скриен од погледите на невнимателните посетители. Доколку се загледате, тој се наоѓа на западната ѕидина на Кремљ, помеѓу Комендантската и Троицката кула. На ова место царот Алексеј Михајлович на својот тест бојарот Милославски му доделил тесна парцела помеѓу ѕидот помошните простории на царскиот дворец.
Забавниот дворец на Кремљ е скриен од погледите на невнимателните посетители. Доколку се загледате, тој се наоѓа на западната ѕидина на Кремљ, помеѓу Комендантската и Троицката кула. На ова место царот Алексеј Михајлович на својот тест бојарот Милославски му доделил тесна парцела помеѓу ѕидот помошните простории на царскиот дворец.
По смртта на бојарот Милославски неговиот имот преминал во царскиот. Тој бил споен со Царскиот дворски камен премин. Од 1672 година во палатата почнале да се организираат забавни манифестации – тоа биле првите театарски претстави во Русија. Како резултат на тоа палатите почнале да го нарекуваат Забавен дворец. Денес во него се наоѓаат службите на Командата на Кремљ.
Архитектонска особеност на Забавниот дворец е позицијата на црквата на Пофалба кон Пресвета Богородица. Таа многу добро се компонира со зградата на дворецот. Тремот од западната страна е направен со рамен покрив со висечка градина – порано во московскиот Кремљ имало неколку вакви уникатни градини.
Музичко студио во Троицката кула
Во старата Троицка кула на Кремљ се наоѓаат современо музичко студио и главната сала за проби на Претседателскиот оркестар. Тоа е главниот музички состав за официјалните настани од државно значење, вклучувајќи ја и инаугурацијата на претседателот на Руската Федерација. Тој е еден од малкуте воени оркестри во светот кој има симфониски колектив. Солистите ги знаат најголемиот дел од химните на светот.
Интересно е што Претседателскиот оркестар има настапувано со познати музичари на кои репертоарот им е далеку од класичен. Меѓу нив се Кен Хенсли, како и групите Јураја Хип, Скорпионс и Арија. Оркестарот има снимено музика за 40 филмови, драмски претстави, спортски настани, меѓу кои и за Олимписките игри во 1980 година во Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.