| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ стравува дека „терористите“ во Сирија имаат преносни ПВО системи

Кремљ е многу вознемирен од фактот дека „терористите“ во Сирија поседуваат преносни противвоздушни ракетни системи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, тоа е „огромна опасност за сите земји“.

Песков одби да ги коментира тврдењата на членот на рускиот Совет на Федерацијата, Игор Морозов дека преносниот противвоздушен ракетен систем со кој бил соборен рускиот борбен авион „Су-25“ во Сирија стигнал од Украина.

– Без да се располага со точни информации, сите изјави треба да се даваат многу внимателно, рече тој.

Министерството за одбрана во Москва претходно соопшти дека борци на радикалната група Фронт Ал Нусра во саботата собориле руски борбен авион „Су-25“ во западната сириска провинција Идлиб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top