| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ признa: Тенисот е мојот живот, не би знаел што да правам без него

Western and Southern Open tennis

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека целосно му е посветен на тенисот и цел живот му е подреден на овој спорт. По завршувањето на кариерата, секако, планира да остане во тенисот и, можеби, еден ден ќе биде тренер.

– Тенисот е мојот живот и не е лесно да се откажам од овој спорт. Дефинитивно, и по крајот на моето активно играње на тенис, ќе останам во овој спорт и, можеби, еден ден ќе почнам тренерска кариера – изјави Новак Ѓоковиќ.

Исто така, тој истакна дека за да го достигне успехот на Роџер Федерер, ќе треба напорно да работи, да победува за да дојде до неговото ниво.

– Доколку сакам да го достигнам неговото ниво, тогаш ќе треба многу да напредувам во играта, да редам победи постојано. Освојувањето на 10 гран-слем титули е навистина успех, горд сум на тоа, и се надевам дека ќе продолжам и понатаму со исто темпо – заврши Србинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top