Спектакуларното откритие на НАСА во врска со водата на Марс, повторно ја отвори дебатата околу испраќање на астронаути на Црвената планета. За праќање астронаути на Марс се фантазира од 1969 година, кога мисијата „Аполо 11“ се спушти на Месечината. Поранешниот претседател Џорџ В. Буш во 2004 година најави дека НАСА ќе ги прати првите астронаути на Марс во 2030 година. Во меѓувреме, се појавија приватни иницијативи како компанијата Марс Еден, која најави дека првите луѓе на таа далечна и негостољубива планета ќе се пратат веќе во 2026 година.
Некои научници како д-р Пол Дејвис, космолог од универзитетот „Аризона“, сметаат дека најдобар кандидат за трајно заминување на Марс можат да бидат луѓе од средната доба, чиј очекуван животен век би можел да биде уште 20 години. Дејвис овие кандидати ги споредува со Колумбо и со останатите освојувачи на Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Марс Инсајт“ слета на Црвената планета (видео)
-
Македонскиот радиски фестивал прославува јубилеј: Групата „Меморија“ ќе добие признание за трајни вредности
-
Кина ќе гради „марсовско село“ на Тибетанската висорамнина
-
Научниците откриваат: Одењето на Марс значи двојно поголем ризик за заболување од рак