| четврток, 6 декември 2018 |

Авиокомпанијата „Ред вингс“ продадена за една рубља

Рускиот милијардер Александар Лебедев вчера соопшти дека ја продал компанијата „Ред вингс“ (Red wings) по симболична цена од една рубља.

На авиокомпанијата „Ред вингс“ ѝ беше одземена дозволата за авиосообраќај откако еден од авионите на оваа компанијата имаше несреќа во Москва.

„Ги потпишав документите за продажба на 100 проценти од капиталот на „Ред вингс“, на една група инвеститори за една рубља, што е два евроценти“, напиша милијардерот на својот блог, но не го наведе идентитетот на купувачот.

Лебедев, бизнисмен и сопсвеник на британските весници „Ивнинг стандард“ и „Индепендет“, додаде дека сторил сѐ за да ја спаси компанијата.

Руската агенција, која го регулира авиосообраќајот на почетокот на февруари, најави укинување на дозволата за летање на „Ред вингс“, чиј авион „Tu-204“ на 29 декември се урна при слетувањето на аеродромот „Внуково“ во Москва, пренесуваат странските агенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top