| четврток, 6 декември 2018 |

Оригинална рекламна кампања на „Норвежиан ерлајнс“ за летот до Лос Анѓелес: „Бред е сингл“!

Додека јавноста се занимава со разводот на најпознатиот холивудски пар, норвешката нискобуџетна авиокомпанија „Норвежиан ерлајнс“ реши тоа да го искористи за свои маркетиншки цели.

Имено, во норвешките весници се појави реклама со натпис:„Бред е сингл“. На овој начин, норвешката авиокомпанија го рекламира новиот лет до Лос Анѓелес.

Со оваа реклама се надеваат дека ќе допрат до женската популација и ќе ја искористат веста за разводот на Бред и Анџелина.

Инаку оваа авиокомпанија веќе неколку години важи за една од најдобрите нискобуџетни компании во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top