Утрово е ставено крај на сите шпекулации и предвидување кој е главниот виновник за авионската несреќа која пред неколку седмици се случи во Колумбија, а во неа загина скоро цел екипаж на фудбалскиот клуб, Чапекоенсе.
– Единствени виновници за оваа голема несреќа се пилотот Мигуел Квирога и авионската компанија ЛаМиа – изјави боливискиот министер за внатрешни работи и дополни:
– Детално со анализирање и разговарање со сведоци прегледавме сè. Материјалите и доказите, покажуваат директно кон посочените виновници, кои на самостојно со недоволно гориво во авионот одлучиле дека може да стигнат до крајната цел, а биле свесни дека немаат доволно гориво во авионот.
Во авионот имало девет членови на екипажот и 68 патници од кои поголемиот дел членови на фудбалскиот клуб Чапекоенсе. Несреќата ја прежвеаја само шест лица, од кои тројца фудбалери на бразилскиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун