| четврток, 6 декември 2018 |

На Арапите не им оди: Почнуваат со радикални мерки „на небото“

Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ би можела да затвори и до 2.000 работни места, бидејќи главниот акционер „Етихад ервејз“ се залага за сеопфатна промени.

„Етихад ервејз“  подготвува промени за да ја промени оваа судбина, тврдат извори запознаени со ситуацијата.

„Алиталија“ би можела и да приземји 20 авиони, со цел да ги скрати непрофитабилните летови на домашните и регионалните правци каде што има поголема конкуренција, поточно нискобуџетни конкуренти и брзи железници, пренесува „Ројтерс“.

– Италијанската авиокомпанија веројатно и во наредните две до три години ќе биде во загуба, дури и ако го спроведат планот со отпуштање на шестина од работната снага – тврди друг извор.

„Етихад“ во 2014 година вложи 560 милиони евра во „Алиталија“, ветувајќи дека ќе ја врати компанијата кон нагорна линија до 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top