| четврток, 6 декември 2018 |

Прва радост за МЗТ Скопје во АБА лигата, вечерва во „Јане Сандански“ беше надигран Металац

mzt skopje

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ја оствари првата победа во новата сезона во АБА лигата во второто коло против Металац убедливо со 93-67 на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.
„Металците“ одлично одговорија на предизвикот и императивот победа и во текот на сите 40 минути доминираа над противникот. Засилени со враќањето на плејмејкерот Марко Љубичиќ, „штрковите“ ја пробија силната одбрана на Металац Фармаком и ја освоија првата победа во рамки на јадранската лига.
Во првиот период од играта се водеше изедначена борба се до почетокот на втората четвртија кога со серија од 6-0 Металац дојде до единственото водство од 24-23. Тоа беше се што сторија гостите од Ваљево. Како што минуваше времето во втората четвртина, така растеше и предноста на МЗТ, избраниците на Пипан делуваа сигурно и во нападот и во одбраната, стигнувајќи до одлична предност од 13 поени (43-30).
Во третатата четвртина гостите го намалија водстово на само шест поени (45-39), но тренерот на МЗТ Скопје Алеш Пипан зеде тајм-аут и ги консолидираше своите редови, посебно во одбраната. Во последните десет минути се влезе со предност на „сино-белите“ од 65-51, а во четвртата четвртина можеше да се проследи целосна доминација на домашниот тим, кој постигна 28, а прими само 16 поени за конечен триумф од 26 поени разлика.

Дреновац со 17 поени беше најефикасен кај македонскиот првак, пред Љубичиќ со 16 и Луковиќ и Дамјан Стојановски со по 14 поени.

Нареден натпревар за МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига е во вторник (6 октомври). Актуелниот првак во домашното првенство во Белград ќе се пресмета со екипата на Партизан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top