| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ја покажа сета своја сила и моќ и во Шведска, останува непорезен и во третото коло во ЛШ

Во третото коло во ракометната Лига на шампиони македонскиот првак Вардар остана со 100 процентен успех и со три победи.
На гостувањето кај Кристијанштад „црвено-црните“ без поголеми проблеми славеа нов триумф со 30-25. Вардарци благодарение на одличната игра во одбраната го застанаа противникот на само 25 гола, екипа која важи за офанзивна и која постигнува многу голови.
Сепак избраниците на Раул Гонзалес заедно со стручниот штаб добро ја анализирале играта на противникот и максимално го спречија офанзивното оружје на Кристијанштад. Повторно главен во одбраната беше Арпад Штербик кој успеа да фати 19 шута кон неговиот гол и буквално ги излуде противниците.
Во одбраната и секако и во нападот одлична партија пружи српскиот интернационалец Алем Тоскиќ кој заедно до Тимур Дибиров постигнаа по седум гола и беа најдобри стрелци во таборот на „црвено црните“.
Мечот започна како и што посакуваа сите со одлична серија на Вардар и за неполни 15 минути имаа предност од 9-4. Сепак По тајмаутот на на домаќините падот на играта беше евидентен и Кристијанштад дојде до израмнување во 22.минути на 10-10. До крајот на првиот дел Вардар дојде до преднос од два гола (15-13).
Во второто полувреме гостите од Скопје продолжија со својата игра и со неколку брзи контранапади се изборија за недостижна предност од шест голови кои многу лесно можеше да биде и поголема ако на голот на Крстијанштад не стоеше Симиќ инаку син на тренерот на голманите на Вардар.

vardar-seged-22

Сепак со ангажирана игра посебно во одбраната каде непробоен бедем беа Тоскиќ, Абутовиќ и Македа македонскиот шампион ја впиша и третата победа од исто толку натпревари досега, и тоа е единствената екипа во Европа со стопроцентен учинок.
Голем пех за тимот на Раул Гонзалес можат да бидат повредите на Дибиров и Карачиќ кои предвреме мораа да ја напуштат играта.
Покрај Дибиров и Тоскиќ со по седум голови, добар меч одиграа и Македа со пет, а Шишкарев и Дујшебаев беа стрелци на по три гола.

Следниот натпревар се игра дерби дуелот од четврото коло, а Вардар пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот вицешампион, Рајн-Некар Левен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top