| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските навивачи испратија писмо до Еди Рама: Ќе има нереди, ако не ни дозволите да внесеме национални обележја

Навивачите на Албанија испратиле отворено писмо до премиерот Еди Рама и Фудбалскиот сојуз на таа земја во кое ги обвинуваат дека со одлуките кои ги носат уште повеќе предизвикуваат револт кај навивачите.

fanovi-albanija-500

Според навивачите на Албанија, скандалозна е одлуката да не им се дозволи да носат црвено-црна облека на мечот, бидејќо такво нешто не се случува никаде во светот.

Тие воедно бараат да се укине одлуката со која на Исмаил Морина (човекот кој го пушти дронот во Белград) му е забранет влезот на стадион. Тие велат дека се кршат правата на навивачите на Албанија, бидејќи во таа земја никаква судска постапка нема против Морина.

Доколку не ни дозволите да внесеме национални обележја, реакцијата на навивачите ќе биде последица на вашите постапки и ваша одговорност, се вели во писмото до Еди Рама и Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Мечот помеѓу Србија и Албанија се игра на 8.октомври во Елбасан со почеток во 20:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top