НБА тимовите на еден месец пред почетокот на новата сезона започнаа си интезивни тренизи за што подобро да се подготват.
Екипата на Чикаго има многу пехови на самиот старт на подготовките бидејќи тренерот на „биковите“ неможе да смета на неколку стандардни првотимци.
Главната ѕвезда во тимот, Дерик Роуз мораше да замине на операција по фрактурата на коската на слепоочницата по добиениот лакт од еден свој соиграч. Таа е успешно извршена и се очекува негово враќање на тренинзите за две недели, но со заштитна маска на лицето.
Булси, во секој случај, веруваат дека нивната главна ѕвезда ќе биде подготвена за старт на сезоната на 27. октомври со Кливленд кавалирс.
– Не знаеме колку ќе му биде потребно да се врати во играчка форма. Но, сигурно ќе биде потребно неколку недели да се врати на тренинзи – истакна тренерот на Чикаго, Фред Хојберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.