Килограм арпа да се откупува по 25 денари, а бел ориз од 55 до 60 денари во зависност од квалитетот, договорија преставници на призводителите, откупувачите и преработувачите на синоќешниот заеднички состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и за вдоостопанство.
– Земјоделците од Кочанскиот регион се задоволни од постигнатата цена – изјави Драгољуб Гаврилов, земјоделец од село Чешиново, кој ја предводеше делегацијата на производители на оризо на средбата во Скопје.
Жетвата на оризот во кочанскиот регион ќе почне за десетина дена. Од насеаните 4.500 хектари се очекува род од 27.000 тони арпа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.